• петок, 05 декември 2025

Средби на Муцунски со министрите за надворешни работи на Словенија и на Словачка

Средби на Муцунски со министрите за надворешни работи на Словенија и на Словачка

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерката за надворешни и европски работи на Република Словенија Тања Фајон и со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка Јурај Бланар.

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите беа регионалната соработка и стабилноста, како и билатералните односи.

- Соговорниците го нагласија силниот потенцијал и подготвеноста за нивно понатамошно продлабочување. На двете средби беше потврдено сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата. Стана збор и за реформските процеси, европските аспирации на нашата држава, предизвиците на тој пат и континуираната поддршка од Словенија и Словачка, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан