• петок, 05 декември 2025

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ убедливо загубија од Младост

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ убедливо загубија од Младост

Скопје, 26.ноември 2025 (МИА) – Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода претрпеа убедлив пораз со 3:0 во сетови вечерва во првиот натпревар од 1/16 финалето од ЦЕВ купот од Младост Загреб. Резултат по сетови: 6:25; 12:25 и 19:25.

Гостинската екипа од Хрватска фаворитската улога ја потврди веќе во првиот сет, кој го доби на убедлив начин со само шест загубени поени, а во вториот сет Јанта Волеј КВ го зголеми бројот на освоени поени, но и тој сет заврши со убедлива разлика. Одбојкарките на македонскиот претставник најголем отпор „пружија“ во третиот сет кога освоија 19 поени.

Реванш дуелот се игра на 2.декември (среда) во Загреб. мн/

Фото: ОФМ

Остани поврзан