Одбојкари од Србија победија на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок во Тетово
- Одбојкарска двојка од Србија се победници на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок што се одржа на Универзитетот во Тетово.
Тетово, 5 јули 2021 (МИА) – Одбојкарска двојка од Србија се победници на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок што се одржа на Универзитетот во Тетово.
- Тандемот Милиќ/Гавриловиќ во финалниот дуел ја совлада екипата на студенти од Универзитетот во Тетово, Вејсели/Бериша со 21-14 и 21-18. Во дуелот за трето место Мустафи/Бериша од Косово ги совладаа Симовски/Стошиќ од С Македонија со 2-1 (21-17, 26-28 и 15-12), инфомираа од Универзитетот во Тетово.
Турнирот се играше изминатите три дена од петокот до неделата. Заеднички го организираа Универзитетот во Тетово и Одбојкарската федерација на С Македонија. Се натпреваруваа екипи од С Македонија, Албанија, Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. ас/зс/