• четврток, 04 декември 2025

Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со максимален ефект

Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со максимален ефект

Штип, 27.ноември 2025 (МИА) – Победничката серија во Првата лига мажи ја продолжија одбојкарите на Штип УГД. Тие попладнево со 3:0 во сетови (25:18, 25:18, 25:14) славеа над Работнички 71&22 пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ во Штип и сега се лидери на табелата со седум победи од седум натпревари.

Тимот на Кристијан Ристески имаш контрола над случувањата на теренот во текот на целиот натпревар, оправдувајќи ја фаворитската улога. Форсираа силен сервис домашните, што им донесе лоша статистика од дури 18 сервис грешки, но во останатите елементи, особено во нападот и блокот беа сигурни.

Предводени од Махди Задмард со 17 поени и репрезентативецот Стојан Илиев со 13 поени штипјани остануваат сигурни на лидерската позиција на прволигашката табела.

Штип УГД во следните две кола го очекуваат дуелите со Борец (3 декември) односно со шампионот Струмица (6 декември) кои ќе му бидат и последна проверка во пресрет на следниот европски предизвик – италијански Милано (10 декември) во рамките од 1/16 финалето во ЦЕВ купот.

Фото: Горан Стаменков / Штип УГД

Остани поврзан