Одбележување на 8 Декември - Св. Климент Охридски
- По повод празникот 8 Декември - Св. Климент Охридски, делегација на Владата, во чиј состав ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена С
Скопје, 8 декември 2020 (МИА) - По повод празникот 8 Декември - Св. Климент Охридски, делегација на Владата, во чиј состав ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Пред споменикот цвеќе ќе положи и делегација на Собранието, во состав од пратениците Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска. дма/