Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите
- По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите денеска во Градски парк ќе се одржи настанот „Кои сме ние”.

Скопје,13 април, 2024 (МИА) - По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите денеска во Градскиот парк ќе се одржи настанот „Кои сме ние”.
Настанот е од забавен културно-уметнички карактер, а целта е одбележување на ромската култура, традиција, историја, музика, танц и јазик, вклучува серија на активности за сите генерации почнувајќи од детска работилница, музички перформанс на брас бенд и музички оркестар како и читање на поезија од страна на млади.
Овој настан е од забавен културно-уметнички карактер кој со сигурност ќе го разубави денот на сите присутни во Градскиот парк.
На настанот ќе присуствува и извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Елвис Шаќири.свс/ев/
Фото: Ромалитико