• петок, 05 декември 2025

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Скопје, 5 мај 2025 

Учениците од Основното училиште „Гоце Делчев“ го одбележаа патрониот празник и 122-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев со серија спортски активности и изложбени работилници. Традиционалната прослава започна со свечено положување свежо цвеќе пред бистата на националниот херој, Гоце Делчев, кој се смета за еден од најзначајните идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.

Во име на Општина Илинден свежо цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеници од Собранието на Република Македонија, советници, претставници од училиштето „Гоце Делчев“, директори на претпријатијата, членови на Здружението на борци на Македонија, како и голем број граѓани.

Одбележувањето продолжи со бројни активности организирани од учениците. Освен класична приредба, ООУ „Гоце Делчев“ патрониот празник го одбележа и со спортски игри, ликовни работилници, читање литературни творби и изведба на драми за великанот Гоце Делчев.

Овој патронат не само што оддава почит на великаните од македонската историја, туку и ги инспирира новите генерации да ги чуваат и унапредуваат културните и историските вредности на слободата и независноста, за кои Гоце Делчев се борел.

 

Општина Илинден

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Општина Илинден 

 

 

Остани поврзан