• понеделник, 30 декември 2024

Објавен новиот Европски атлас на птици гнездилки, вклучена е и нашата земја

Објавен новиот Европски атлас на птици гнездилки, вклучена е и нашата земја
Скопје, 5 декември 2020 (МИА) - По четири години теренски истражувања и милиони податоци за распространувањето и гнездењето на птиците во Европа, објавен е новиот Атлас на птици гнездилки.Теренските истражувања започнаа во 2013 година и траеја до 2017 година - Во ова издание на Атласот учествуваме со сопствени податоци, собрани од експертите и волонтерите на Македонското еколошко друштво со значајна поддршка од странски орнитолози. Низ цела Европа учествуваа преку 120.000 волонтери-истражувачи со што овој Атлас е еден од најголемите проекти за истражување на биолошката разновидност со вклученост на граѓаните, информираат од Македонското еколошко друштво. - Овој Атлас е клучна публикација која ќе ја насочува идната работа за зачувување на птиците и природата во Македонија. Ќе ни помага подобро да ги разбереме промените во распространувањето на сите видови птици низ годините и ќе ни дава насоки каде во регионот треба да се спроведуваат активности за зачувување на птици и реставрирање на живеалишта, истакнува Данка Узунова, раководител на овој проект за нашата земја. Оттаму велат дека теренските податоци покажуваат дека драстично се намалила бројноста на птиците од земјоделските површини, а зголемена е бројноста на шумските птици и птиците кои се заштитени со меѓународни конвенции и легислатива. - Најчестите причини за промените во распространувањето на птиците се пренамената на земјиштето и климатските промени. Дополнително, во последните 30 години гнездечки ареали на птиците во Европа се преместиле кон север во просек за 28 km (поместување од околу 1 km годишно). Интересно е да се забележи дека повеќе од половина од птиците кои биле истражувани се среќаваат на само 10 отсто од истражените територии т.е. имаат мало распространување со што се потврдува одговорноста која секоја земја ја има кон зачувување на биолошката разновидност, посочуваат од Македонското еколошко друштво. Анализите покажуваат дека 35 отсто од европските видови птици ја зголемиле својата гнездечка територија, како на пример жолтоглавата тресиопашка Motacilla citreola, а 25 отсто ја намалиле, како на пример градинарската стрнарка Emberiza hortulana.фф/вј/ https://www.youtube.com/watch?v=lme2TBqoIEw&feature=youtu.be

Тагови

Остани поврзан