• четврток, 06 февруари 2025

Објавени уште пет тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“

Објавени уште пет тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Пет нови книги од антологиската серија „Најдобрата кинеска литература за деца“ објави „Македоника литера“ од Скопје и со нив досега се објавени вкупно 18 тома. Новите пет тома се: „Бадникова вечер“ (роман) од Хуан Беиѓиа, „Дрвото сладок портокал“ (раскази) од Цао Венсјуан, „Ноќта со змејот“ (новели) од Пенг Ји, „Големоглав син и малоглав татко“ (раскази) од Џенг Чунхуа и „Развигорот нежно дувка“ (басни и бајки) од Сун Ѓианѓианг. Преводот од англиски јазик е на Елена Саздовска, Дијана Крстевска, Славчо Пеев, Бојана Богдановска и Сибел Ајдинова-Бранковиќ. Тие се избор од прозата на најпознатите современи кинески писатели за деца и млади. Како што соопшти издавачката куќа, изборот е направен од самите автори, а покрај предговорот, книгите содржат и осврт на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво. Серијата е реализирана во копродукција со издавачот „Делфин букс“ од Пекинг. хс/лв/        

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан