• сабота, 28 декември 2024

Објавени пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавени пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Скопје, 28 декември 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектар, додека пак другите четири се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. ац/

 

 

Остани поврзан