• вторник, 19 ноември 2024

Објавени номинациите за „Британските музички награди“

Објавени номинациите за „Британските музички награди“
Лондон, 1 април 2021 (МИА) - Пејачките-текстописци Дуа Липа, Арло Паркс и Селест ја предводат конкуренцијата за „Британските музички награди“ годинава. Трите Британки вчера беа номинирани за најдобра соло-изведувачка и за албум на годината. Липа е и во конкуренција за најдобар британски сингл, за песната „Physical“. И Паркс и Селест - која има и номинација за Оскар за „Hear My Voice“, како дел од филмот „Судскиот процес за Чикаго 7“ - се кандидатки за најзначајниот британски музички трофеј во таа категорија. Други трипати номинирани на списокот се диџејот Џоел Кори и рап-дуото Јанг Т. и Багзи. Победниците ќе бидат објавени на 11 мај за време на свеченоста проследена со музички настапи во живо и во знак на корона-мерките во лондонската О2 Арена. Настанот треба да биде едно од првите доделувања награди што ќе се одржуваат со лично присуство, по почетокот на пандемијата на коронавирусот пред повеќе од една година. Велика Британија е своевиден извор на таленти, но номинациите за „Британските музички награди“ во минатото често беа критикувани затоа што не ја одразуваат доволно различноста во земјата. Во 2017 година, Академијата со повеќе од 1.000 професионалци во музичката индустрија, којашто ги бираше победниците, беше проширена во обид да ја направи порамноправна и разновидна. Како и да е, лани шоуто беше критикувано за неуспех во „препознавањето на жените“, на пр., поради немањето женски имиња во потесниот избор за албум на годината. Оваа година, таа категорија вклучува четири изведувачки: Арло Паркс, Селест, Дуа Липа и Џеси Вејр. Џеј Хас е единствениот номиниран машки изведувач тука.  си/

Остани поврзан