• среда, 17 јули 2024

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје се објавени. Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година. Дополнуваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4 октомври 2021 година. ар/лв/

Остани поврзан