• петок, 22 ноември 2024

Објавена книгата „Леген-град - генезата на неговиот идентитет“ од Душан Синадиноски

Објавена книгата „Леген-град - генезата на неговиот идентитет“ од Душан Синадиноски

Тетово, 12 септември 2022 (МИА) - Публицистот Душан Синадиноски ја објави книгата  „Леген-град  генезата на неговиот идентитет“ кој објаснува како настанало преданието во кое се раскажува дека Лешок бил град и се викал Леген.

Авторот вели дека целта на трудот е да се открие вистината за постанокот на тоа предание и бидејќи, како што рече, за Леген постојат неколку епски песни и за неговиот идентитет постојат голем број белешки и текстови, во овој труд истовремено е направен  поопширен преглед на историската литература посветена на овој епски град.

-Разгледано и образложено е се она што е кажано на оваа тема и што мене ми беше достапно. Тука се опфатени авторите Пејачевиќ, Пејчиновиќ, Јуришиќ, Копитар, Јагиќ, Шафариќ, Новаковиќ, Хаждеу, Стоилов, Костиќ и други кои со своите текстови придонеле кон откривањето на идентитетот на Леген. Мојата искрена надеж е дека со оваа книга успеав да го извадам на виделина придонесот на Кирил Пејчиновиќ за идентитетот на Леген. Се надевам дека таа историска неправда ќе биде исправена во негова корист, вели Синадиноски.

Авторот е роден 1949 во тетовска Вратница, живее и работи во Детроит во Соединетите Американски Држави.   Тој е магистер по политичка филозофија и публицист, еден од двајцата автори на познатата Вратничка енциклопедија. ас/хс/

Остани поврзан