ОБСЕ препорача Белорусија да распише нови избори
- Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) препорача белоруските власти да ги поништат резултатите од претседателските избори на 9 август поради неправилности во сите фази на о
Виена, 5 ноември 2020 (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) препорача белоруските власти да ги поништат резултатите од претседателските избори на 9 август поради неправилности во сите фази на организирање и однесување.
Извештајот беше презентиран денесka на затворен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, јави агенцијата ТАСС.
Документот препорачува властите да организираат нови претседателски избори во согласност со меѓународните стандарди во изборниот процес.
Минск се повикува навремено да ги покани набљудувачите на ОБСЕ / ОДИХР, да обезбеди учество на членовите на јавноста во изборните комисии и да го усогласи гласачкото право со стандардите препорачани од ОБСЕ и ООН.
Во извештајот се наведува дека изборите во Белорусија имале очигледни недостатоци и не ги исполнувале нормите за следење на изборниот процес.
ОБСЕ тврди дека има убедливи докази дека претседателските избори на 9 август 2020 година биле наместени и дека безбедносните сили на земјата извршиле масовно и систематско кршење на човековите права како реакција на мирните протести. паг/