Скопје, 21 април 2020 (МИА) - Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2), локално во форма на невреме со силен југоисточен ветер (над 70км/час).
Утринската температура ќе се движи од шест до 18 степени, а дневната температура од седум до 13 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 12 степени.
Потоа до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и за време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.