Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
- Во неколку градови во Обединети Арапски Емирати улиците се под вода поради обилните дождови
Абу Даби, 27 март 2026 (МИА) – Во неколку градови во Обединети Арапски Емирати улиците се под вода поради обилните дождови.
Во делови од Дубаи автомобилите се заглавени во надојдената вода. И во главниот град на ОАЕ, Абу Даби голем број улици се поплавени.
Обилните дождови предизвикаа поплави и во пристанишниот град Шарџа, поради што е нарушен и авионскиот сообраќај. Полицијата им препорача на жителите да се воздржат од непотребни патувања.
Според метеоролозите обилните дождови ќе продолжат и во текот на денот, поради што Управата за цивилна одбрана на ОАЕ ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат поплавените подрачја. ми/јт/
фото: Икс