• сабота, 21 декември 2024

Обдукцијата потврди дека Афроамериканецот во Атланта е убиен

Обдукцијата потврди дека Афроамериканецот во Атланта е убиен
Атланта, 15 јуни 2020 (МИА) - Со обдукција е утврдено дека смртта на Афроамериканецот Рајшард Брукс, во кој пукаше полицаец во Атланта, е поради убиство предизвикано од повреди здобиени од огнено оружје во грб, соопшти одделот за патологија во округот Фултон. Како што се наведува, обдукцијата покажала дека 27-годишниот Брукс починал поради губење крв и повреда на внатрешните органи, предизвикана од два куршума. Како начин на смртта е наведено „убиство“. Брукс е убиен откако давал отпор при апсењето на паркинг пред еден ресторан за брза храна, каде спиел во автомобилот, кој им го блокирал патот на другите учесници во сообраќајот. При апсењето дошло до туркање и Брукс на еден од полицајците му го одземал електрошок-пиштолот, по што бил застрелан. Неговата смрт предизвика масовни протести низ улиците на Атланта, а ресторанот за брза храна, пред кој се случило убиството, е запален. гт/

Остани поврзан