• петок, 22 ноември 2024

Обвиненителен предлог против три лица за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест

Обвиненителен предлог против три лица за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест
Скопје, 19 април 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица поради употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови. Тие се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица.​бт/скс/

Остани поврзан