Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
- Обвинение е поднесено против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа денеска од Јавното обвинителство.
Неготино, 15 ноември 2025 (МИА) - Обвинение е поднесено против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа денеска од Јавното обвинителство.
- По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.
Појаснија дека обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност.
- Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, сподели Обвинителството. свд/дма/
Фото: МИА архива