• недела, 22 декември 2024

Обвинение за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

Обвинение за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат.

Како што информираат од Јавно обвинителство, првото е обвинето за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина, додека, вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.

- На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија, стои во соопштението од Јавно обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација. 

- Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано, дополнуваат оттаму. ар/лв/

Остани поврзан