• понеделник, 23 декември 2024

НФЛ клубот од Вашингтон потврди дека ќе го смени навредливото име „Редскинс“

НФЛ клубот од Вашингтон потврди дека ќе го смени навредливото име „Редскинс“
Вашингтон, 13 јуни 2020 (МИА) - Тимот од Националната фудбалска лига (НФЛ) од Вашингтон денеска потврди дека ќе го смени логото и терминот „Редскинс“ од своето име, по долгогодишни реакции од домордни Индијанци и неодамна и од спонзори, кои се против употребата на навредливиот термин. Тимот, еден од најстарите во лигата на американски фудбал, оформен е пред девет децении, не најави какво ќе биде новото име на клубот и укажа дека разгледува разни веријанти, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Одлуката за промена на името на еден од најпопуларните спортски клубови и брендови во САД дојде по бранот протести против расизмот и ксенофобијата во земјата што започна со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во мај за време на полициско задржување. Досега, стотина американски училишта, колеџи и спортски клубови ги отфрлија имињата и маскотите кои асоцираат со симболите на домородните Индијанци или на политичари и воени лидери од времето на Конфедерецијата кои ги сметали Афорамериканците за робови. Така на пример НФЛ клубот Канзас Сити „Чифс“, како и Атланта „Брејвс“ и Кливленд „Индијанс“ од МБЛ, главната американска бејзбол лига се некои од клубовите што ги променија своите имиња.

Тагови

Остани поврзан