• петок, 05 декември 2025

Нуњез не ја исклучува можноста за трансфер во Ал-Хилал

Нуњез не ја исклучува можноста за трансфер во Ал-Хилал

Ливерпул, 9 јуни 2025 (МИА) - Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е отворен за трансфер во саудискиот клуб Ал-Хилал, поради растечките шпекулации за неговото потенцијално разделување од Ливерпул, тврди „Фут Меркато“.

„Црвените“ сè уште не добиле понуда за Нуњез, но саудискиот тим воспоставил контакт со претставниците на напаѓачот.

Нуњез го чинеше Ливерпул импресивни 85 милиони фунти во 2022 година. Поранешниот играч на Бенфика постигна 40 гола и имаше 26 асистенции за три сезони со англискиот тим. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан