• четврток, 21 ноември 2024

Нуркачите ја утврдуваат состојбата на бродот што заглави во Суецкиот канал

Нуркачите ја утврдуваат состојбата на бродот што заглави во Суецкиот канал
Каиро, 31 март 2021 (МИА) - Експертски нуркачки тимови нуркаа под бродот „Евер Гивен“, кој се заглави во Суецкиот канал, за да испитаат дали има оштетувања на овој огромен товарен брод, објавија денеска египетските власти. Двајца службеници на Суецкиот канал потврдија дека нуркачите, откако стручни тимови успеале да го одблокираат товарот, потврдиле дека бродот претрпел „мала до средна“ штета. Капетанот на шлеперот во Суец изјави дека експертите проценуваат точни размери на штетата, но, како што рече, „малку е веројатно дека оштетувањата ќе пречат јапонскиот  „Евер Гивен“ да ја продолжи својата пловидба“. паг/

Остани поврзан