• недела, 22 декември 2024

Нуредини: Соработката меѓу општините и централната власт ќе ги реши проблемите со отпадот

Нуредини: Соработката меѓу општините и централната власт ќе ги реши проблемите со отпадот
Гостивар, 1 ноември 2022 (МИА) - Соработката меѓу локалните самоуправи централната власт ќе придонесе трајно решевање на проблемите со отпадот на територијата на целата држава. Оваа порака ја испрати Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање по посетата на депонијата Русино во општина Гостивар. Тој, придружуван од градоначалниците во полошкиот регион и амбасадорката на Швајцарската федерација се запознаа со функционирањето и условите во кои делува новоформираното меѓуопштинско претпријатие „Русино-Полог“. Министерот искажа задоволство од сработеното и соработката со Швајцарската федерација на регионалната депонија Русино и посочи дека треба интензивно да се работи на втората фаза. - Во тој правец работиме на организирано собирање и управување со отпадот на територијата на целата држава. За таа цел изготвивме и предлог закон со кој ќе се кредитира кој за жал и по пет месеци се наоѓа во собраниска процедура. Решавањето на проблемот со управувањето со отпадот во бара силна поддршка од највисоките владини органи. Во таа насока е и заемот од ЕБОР кој ќе ни помогне да го финализираме целиот процес на воспоставување на системот за управување со отпад за сите региони вклучително и за Полошкиот регион, рече министерот. Амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман по посетата на депонијата Русино посочи дека со изменетиот начин на управување во Русино настанала трансформација и искажа задоволство до сработеното. Таа посочи дека од суштинска важност е функционирањето на ЈП Русино и препорача сите општини во Полог и јавните претпријатија што пренесуваат отпад да ги исполнат финансиските обврски. - Одржливоста на регионалното јавно претпријатие е клучна за управувањето со депонијата Русино. Со оглед на тоа дека швајцарската поддршка завршува годинава, од огромна важност е јавното претпријатие да продолжи со работа и самостојно ефикасно управување со депонијата, рече амбасадорката Улман. Швајцарија го поддржува унапредувањето на услугите за управување со отпад во Полошкиот регион од 2018 година. Со финансиска поддршка од 1,9 милиони швајцарски франци беше подготвен План за регионално управување со отпад, беше основано регионално јавно претпријатие и беа спроведени мерки со брз ефект за депонијата Русино. Финансиското работење и наплатата се закана која може да придонесе за застој во работата, посочи директорот на ЈП Русино Полог, Бесим Догани. Тој кажа дека општините и комуналните претпријатија должат близу седум милиони денари, од кои најмногу Гостивар и Тетово. - Доколку овие долгови не се платат во скоро време, состојбата на депонијата ќе се врати на претходно. Ние имаме обврски кон операторите и тие засега добро ја вршат работата, но ако не им се плати, тие нема да работат, рече Догани Градоначалниците на Тетово, Биљал Касами и Гостивар, Арбен Травараи кажаа општина Тетово има недостиг од финансиски средства, а Гостивар е со блокирана сметка и дека во скоро време ќе намират обврските. згм/сст/ https://www.youtube.com/watch?v=MgJw6CTULCc

Остани поврзан