Нуредини: Градиме партнерство со ОБСЕ и соседните земји за справување со ризиците од климатските промени
- Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини преку видео-обраќање учествуваше на тркалезната маса „Регионална отпорност: Примери за климатско-безбедносна соработка од Ј

Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на тркалезната маса „Регионална отпорност: Примери за климатско-безбедносна соработка од Југоисточна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“, во рамки на Берлинската конференција за климатска безбедност.
- Шар Планина и масивот Кораб како област е еден од седумте заеднички идентификувани жаришта каде влијанието на климатските промени претставува ризик за безбедноста на населението и природата. Во моментов, во рамките на Проектот на ОБСЕ, заедно со нашите соседи Албанија и Косово, работиме на изнаоѓање заеднички мерки за справување со идентификуваните ризици во овој природен резерват, истакна Нуредини во своето обраќање на форумот преку видео-конференциска врска. Тој нагласи дека токму иницијативата на ОБСЕ претставува голем чекор напред за зближување на агендите за зачувувањето на природата и безбедноста, притоа поставувајќи го како еден од првите примери на ваква меѓусекторска соработка и перспектива за нашиот регион.