• петок, 22 ноември 2024

Носорозите се вратија во Мозамбик

Носорозите се вратија во Мозамбик

Мапуто, 4 јули 2022 (МИА) - Повеќе од 40 години откако изумреа во тоа подрачје, носорозите повторно се движат низ дивината на Мозамбик, каде што се носат единки од овој загрозен вид од Јужна Африка, но и други животни, во обид да се обнови фауната во тамошните паркови и да се поттикне туризмот.

Министерката за животна средина на Мозамбик, Ивет Маибазе верува дека ова „историско преселување ќе биде корисно за екотуризмот“ на земјата. Така, во Националниот парк Зинаве што зафаќа повеќе од 400.000 хектари, веќе има вкупно над 2.300 увезени животни.

- Носорозите се важни за екосистемот, што е една од причините зошто ги преместуваме и ги правиме сите овие напори за да ги донесеме тука, рече Кестер Викери, конзерватор кој го надгледува населувањето на носорозите. Фондацијата „Паркови на мирот“, што ја води операцијата, има за цел префрлање на повеќе од 40 носорози следните две години во оваа држава на југот од Африка. Популацијата на дивиот свет во Мозамбик беше сериозно погодена во 15-годишната граѓанска војна која заврши 1992 година, како и од ловокрадството.  си/сд/

Остани поврзан