• сабота, 22 февруари 2025

Нормализиран сообраќајот од Средно Водно до Св. Пантелејмон

Нормализиран сообраќајот од Средно Водно до Св. Пантелејмон

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец од Средно Водно до Св. Пантелејмон од 11 часот е нормализиран, информираат од ЈП Македонијапат.

Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираше да не се користи поради голомразица. 

На овој потег, како што рекоа од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска требало да биде испратена машина за интервенира. 

Од ЈП Македонијапат информираат и дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан