• недела, 22 декември 2024

Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините

Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Македонски железници - Транспорт информира дека е нормализиран патничкиот и железничкиот сообраќај откако локомотива од товарен воз се излизга од шините. 

Штетата, како што информираа од компанијата, е незначителна и локомотивата по техничката проверка, е вратена во сообраќај. За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.  

- На ден 17.11.2024 во 21:35 ч., помеѓу станиците Кадина Река и Зелениково се случи вонреден настан, излизгување на локомотива од товарен воз. Локомотивата е подигната од страна на помошен воз на ден 18.11.2024 година во 01:40 ч. Од страна на ЈП ЖРСМ Инфраструктура пругата беше официјално затворена за целосен железнички сообраќај на 18.11.2024 година до 10:50 ч., од кога повторно се воспостави и се нормализира патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Штетата од вонредниот настан е незначителна и локомотивата после техничката проверка веднаш е вратена во сообраќај, стои во информацијата од Македонски железници - Транспорт.

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на инфомација од МЖ-Транспорт, утринава соопшти дека сообраќајот меѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излетал од шините. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан