• четврток, 19 декември 2024

Ноел го освои слаломот во Венген

Ноел го освои слаломот во Венген
Венген, 19 јануари 2020 (МИА) - Французинот Клеман Ноел оствари втора победа на почетокот на сезоната од Светскиот куп, откако го победи Хенрик Кристоферсен од Норвешка за првото место во слаломската трка во Венген, Швајцарија. Ноел направи многу силна прва трка во која се избори за 67 стотинки предност пред Кристоферссен. Норвежанецот го предизвика својот противник во втората рунда кога беше брз и поведе во пласманот, но Ноел остана смирен и возеше цврсто за да заврши со конечна предност од 0,40 секунди пред Кристофен. Третото место го освои Русинот Александар Хорошилов, додека Алекси Пинтуро од Франција не успеа да ја заврши втората трка. По успехот, Ноел се најде на второто место во пласманот во дисциплината, на 62 поени зад Кристоферсен, а Норвежанецот, пак, се искачи на првата позиција во генералниот пласман, со предност од 78 поени од вториот Пинтуро. Следната недела, белиот караван ќе се префрли на легендарната писта во Кицбил, каде ќе се одржат трки во супер-џи, спуст и слалом во три последователни дена.

Остани поврзан