• понеделник, 23 декември 2024

Нов спортски компекс во Љубанци, општина Бутел

Нов спортски компекс во Љубанци, општина Бутел
Скопје, 14 август 2022 (МИА) - Во селото Љубанци во Општина Бутел од денеска е отворен нов спортски комплекс. Како што истакна градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, станува збор за целосно комплетирано и оформено спортско игралиште со трибини и нова ограда. Ова игралиште, како што рече градоначалникот, е направено со донација на градежната компанија „Жикол“, во вредност од три милиони денари.  Костовски најави дека и населеното место Бутел 2 ќе добие сличен ваков спортски терен, а во текот на септември и Радишани, односно долната зона или по старо село Радишани, исто така ќе добие спортски комплекс.

-Работиме и на многу други работи, за многу кусо, за некој ден почнуваме со нова градинка на територија на Бутел и многу други проекти, рече Костовски на отворањето на спортскиот комплекс.

Тој за вечер, на овој спортски комплекс, најави голем меморијален турнир, на кој се пријавиле околу 50-тина екипи. -Општина Бутел се јавува како генерален покровител на овој турнир и тој турнир е со традиција од околу 50-тина години, неколку години за жал не се одржуваше, но еве сега се одржува и навистина ги поканувам граѓаните на цела територија на градот Скопје да доаѓаат и да уживаат во овој убав настан на ова убаво игралиште, рече Костовски.

 И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Костовски присуствуваше на денешното отворање на комплексот, рече дека очекува во следниот период ова игралиште да го користат децата и да прераснат во врвни спортисти кои ќе ја промовираат нашата држава надвор. Затоа што, како што рече, нема поголем промотор за една држава од спортистот.

-Навистина делува сето ова прекрасно, благодарност до компанијата „Жикол“ која во најголем дел го донираше ова спортско игралиште овде во Љубанци да има ваков изглед и се надевам дека и останатиот дел од општествено одговорните компании во земјава ќе го следат примерот на оваа компанија, рече Мицкоски.бт/мд/

Остани поврзан