• петок, 05 декември 2025

Нов рекорд за Меси

Нов рекорд за Меси

Мајами, 13.јули 2025 (МИА) - Првиот играч на Мајами Интер Лионел Меси продолжува да испишува рекорди во американската МЛС лига. Тој на ноќешниот натпревар на неговиот тим против Нешвил постигна два гола во победата на неговиот тим.

Но, подобри уште еден рекорд во лигата откако на петти последователен натпревар постигнува по два пати ја тресе мрежата на противничкиот тим. Двата гола на Меси беа за водство на неговиот тим од 1:0 и за победа од 2:1, со тоа што првиот гол беше постигнат од слободен удар (69-ти во неговата кариера). 

Сезонава Меси има постигнато 22 гола со седум асистенции на 27 натпревари за Интер Мајами.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан