• петок, 13 септември 2024

Нов подкаст посветен на светот на мотоциклизмот

Нов подкаст посветен на светот на мотоциклизмот

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) – Љубителите на мотоциклизмот ќе имаат можност да го следат новиот подкаст „Мотокаст“, посветен на светот на мотоциклизмот. Станува збор за прв поткаст од ваков вид посветен на промовирање на светот на мотоциклизмот. 

Подкастот, на 11 септември беше премиерно прикажан во рамки на телевизиската програма на Канал 5, а во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube.

– Создаден и предводен од страстен моторџија и ентузијаст Зоран Бодгановски, MOTOCAST ги истражува уникатните искуства на моторџиите од Балканот и од целиот свет, создавајќи платформа каде што заедничката љубов кон возење на две тркала ги зближува луѓето. Од возбудливи авантури до лични патувања, подкастот има за цел да ја поврзе, вклучи и поттикне заедницата на моторџии. Секоја епизода ќе содржи инспиративни интервјуа, стручни сознанија и дискусии за најновите трендови во мото светот, безбедносни совети и постојано развивање на животниот стил на мотоциклизмот. MOTOCAST е место каде сите моторџии ќе имаат право на свое мислење и ќе бидат третирани подеднакво, без разлика на пол или на нивната национална, верска или друга припадност, велат од „Мотокаст“. 

Оттаму посочуваат дека мисијата на „Мотокаст“ не е само да забавува, туку и да го поттикне чувството на единство во мото заедницата и да ја промовира нејзината безбедност.

- Со споделување искуства, промовирање на безбедно возење и охрабрување на новите моторџии да се приклучат на патувањето, „Мотокаст“ ќе стане срцето на моторџиската заедница на Балканот и пошироко, стои во соопштението на „Мотокаст“. ра/бак/

Фото: „Мотокаст“

 

Остани поврзан