• вторник, 27 август 2024

Нов кандидат за потписот на Санчо

Нов кандидат за потписот на Санчо

Лондон, 26 август 2024 (МИА) - Челси би можел да се обиде да го ангажира Џејден Санчо, објави ЕСПН во понеделникот, повикувајќи се на анонимен извор.

Лондонскиот клуб размислува за евентуален трансфер на 24-годишниот играч за врска како една од опциите за засилување на својот тим на самиот старт од новата сезона во Премиер лигата.

За потписот на поранешниот англиски репрезентативец е заинтересиран и италијански Јувентус.

Манчестер Јунајтед сака да го продаде Санчо за 40 милиони евра или да се договори со клуб на позајмица со опција за откуп.

Играчот од средниот ред дел од минатата сезона мина како позајмен во Борусија Дортмунд. Има 21 настап во сите натпреварувања, 3 гола и 2 асистенции.

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед не настапи во првите две кола од неодамна започнатата сезона во Премиер лигата.

Санчо се пресели од Дортмунд во Јунајтед во 2021 година за 73 милиони фунти, но оттогаш ја загуби формата што доведе до негова преселба на „Олд Трафорд“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан