• петок, 22 ноември 2024

Нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8-ми Септември“

Нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8-ми Септември“
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали денеска ќе ја посетат Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод отворањето на новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца, соопшти владината прес-служба. Покрај Ковачевски и Сали, предвидено е на настанот да се обратат и директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов и амбасадорот на Италија во земјава Андреа Силвестри. Апаратите се набавени во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со амбасадата на Република Италија.са/ев/ Фото: МИА архива

Остани поврзан