• петок, 22 ноември 2024

Ново откритие околу далечен триѕвезден систем

Ново откритие околу далечен триѕвезден систем
Оксфорд, 6 октомври 2021 (МИА) - Науката, се чини, ја откри првата планета - или планети кои орбитираат во систем со три ѕвезди, пишува списанието „Мантли ноутисис“ на британското Кралско астрономско друштво. Во далечниот триѕвезден систем наречен „Џи-даблју Ори“, едната ѕвезда стои подалеку од другите две, а овие пак, се поблиску и орбитираат една со друга. Астрономите притоа ja користеа АЛМА-мрежата од 66 радиотелескопи во пустината Атакама во Чиле. Пред ова научно истражување, претпоставките говореа дека она што наликува на прашина во празнината во дискот, можеби е последица на вртежната сила од надворешната ѕвезда. Но, се чини дека во таа празнина има најмалку една планета. - Навистина е возбудливо, затоа што ја прави теоријата за создавањето планети навистина поцврста!, вели Џереми Смолвуд, главен автор на трудот и, од неодамна - доктор на науки, кој дипломирал астрономија на Универзитетот на Невада, во Лас Вегас. - Ова може да значи дека создавањето планети е многу поактивно отколку што мислевме, што е одлично!, нагласува тој. Иако астрономите немаат директен доказ за постоењето планета таму, се чини дека хипотезава се совпаѓа со начинот на којшто генерално се создаваат планетите. Во нашиот Сончев Систем, на пр., планетите што орбитираат околу Сонцето првично биле прав и карпи што кружат околу својата матична ѕвезда.  си/ссм/

Остани поврзан