• недела, 22 декември 2024

Ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Струга, 20 март 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. 

Според обвинението, тој се товари дека како градоначалник на 31 јануари 2022 година, при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа, назначил лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во Законот за основно образование, и назначената немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа.

Градоначалникот, како што е наведено во информацијата од ОЈО, овозможил на лицето да му се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси. 

Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во врска со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, по иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција. Антикорупциска и во 2020 година поднесe иницијатива за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила, меѓу кои и „ауди А6“ вредно 67 илјади евра, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага, иако и ревизорите утврдија дека тендерот е спроведен во време на финансиска нестабилност на Општина Струга.

Тој минатата година беше ставен и на „црната листа“ на Стејт Департменот поради наоди за вмешаност во корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството. 

Но, во јавноста останува дилемата, „кој ќе му суди на Мерко?“. Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје се огласи за ненадлежно за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и предметот ќе го достави за постапување во Основниот суд Струга. Претходно пак, тим од државни обвинители и судии ги контролираа струшките колеги за предметите поврзани со Мерко во ОЈО Струга и во Вишото јавно обвинителство во Битола.

Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јов

По извршениот вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија имала увид во 30-тина заведени предмети против Рамиз Мерко, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети. Комисијата која вршела увид, како што информираа тогаш од ЈОРСМ, испратила укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување. ОЈО Струга водело четири предмети против Мерко, оформени од почетокот на 2023 година, а постапувало и во два предмети во предистрага од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти на Општина Струга. За други четири предмети во работа (2 од 2019 и 2 од 2022), јавните обвинители кои преземале дејствија добиле укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имало во работа вкупно пет предмети.

По ставањето на „црната листа“ на САД, во јуни минатата година, Мерко се огласи на својот фејсбук профил од каде порача дека ќе биде отворен „за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи". Вети дека сите потребни документи од негова страна и од Општина Струга ќе бидат навремено доставени до судските органи, а во интерес на процесот реши да ја замрзне секоја активност во партиските структури до затворање на важните постапки. Оттогаш речиси и не е достапен за јавноста. Освен со по некоја фотографија на официјалната фејсбук страница на Општина Струга од увид на тековни проекти на Локалната самоуправа. сс/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан