• недела, 17 ноември 2024

Новости: Експлозија во резиденцијата на Мило Ѓукановиќ

Новости: Експлозија во резиденцијата на Мило Ѓукановиќ
Подгорица, 12 јануари 2020 (МИА) - Во вилата „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекна експлозија, објави весникот „Вечерње новости“. Според првичните и непотврдени информации, експлодирала трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата. Извори на весникот наведуваат дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија. На местото на инцидентот веднаш се ипратени пожарникарски и полициски екипи. гт/

Остани поврзан