Новоизбраната устaвна судијка Елизабета Дуковска почна со работа
- Новоизбраната уставна судијка Елизабета Дуковска утрово беше примена од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и добила работен материјал за утрешната седница.
Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Новоизбраната уставна судијка Елизабета Дуковска утрово беше примена од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и добила работен материјал за утрешната седница.
Дуковска на првиот работен ден се запозна и со вработените во службата на Уставниот суд и во следниот период ќе добие предмети за работа кои ќе ги води како судија-известител, информираа од Уставниот суд.
Мандатот на судијката Дуковска во Уставниот суд е девет години. дма/бак/
Фото: МИА архива