• понеделник, 23 септември 2024

Нови 166 случаи со Ковид-19, починати 10, оздравени 416 пациенти

Нови 166 случаи со Ковид-19, починати 10, оздравени 416 пациенти
Скопје, 7 јануари 2021 (МИА) - Во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2. Починати се 10 пациенти од кои двајца од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево -2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6. Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 37009, активни 10231 • Куманово 4838, активни 476 • Дебар 661, активни 116 • Штип 3350, активни 191 • Прилеп 4325, активни 413 • Тетово 4833, активни 705 • Струга 2080, активни 229 • Велес 2828, активни 394 • Битола 3096, активни 430 • Охрид 2527, активни 432 • Кавадарци 2226, активни 484 • Гостивар 3436, активни 451 • Гевгелија 1202, активни 231 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 2360, активни 440 • Крива Паланка 651, активни 102 • Радовиш 633, активни 71 • Крушево 169, активни 29 • Кочани 1637, активни 179 • Пробиштип 459, активни 34 • Демир Хисар 239, активни 33 • Македонски Брод 223, активни 13 • Пехчево 159, активни 21 • Берово 531, активни 66 • Валандово 317, активни 41 • Виница 458, активни 59 • Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 195, активни 10 • Свети Николе 1047, активни 68 • Кичево 1599, активни 183 • Ресен 664, активни 122 • Неготино 1065, активни 249 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 1049 теста се преку: ИЈЗ-174, ЦЈЗ Скопје-53, Авицена-185, Биотек-125, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –63, Инфективна клиника-1, ЈЗУ (рапид тест) -75. Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Ковид -19. рп/

Остани поврзан