• среда, 03 јули 2024

Нови „чизми перничиња“ на „Луј Витон“

Нови „чизми перничиња“ на „Луј Витон“
Лос Анџелес, 30 ноември 2020 (МИА) - Перничињата се вистинско освежување на самиот врв на трендовите оваа година. Имено, француската луксузна компанија „Луј Витон“ има идеја со фокус на удобноста, мекоста и волуменот... Токму таму се дизајнираа „чизми перничиња“, инспирирани од домашниот лежерен стил. Новата хит обувка има за цел да биде потопла, удобна, а модерна. Дизајнот е потпишан од креативниот директор на „Луј Витон“, Николас Геские. Овие чизми беа претставени како дел од колекцијата пролет 2021 година и веќе станаа хит на интернет. Овие чизми, коишто според сите проценки, ќе ја одбележат зимската сезона, доаѓаат во неколку бои и нијанси - од бела до зелена. си/гт/

Остани поврзан