• недела, 22 декември 2024

Нови чевли се купуваат навечер

Нови чевли се купуваат навечер

Лос Анџелес, 23 мај 2023 (МИА) - Многу жени веруваат дека меѓу многуте различни видови модели обувки во плакарот, тешко е да се одлучи за еден чифт. Тоа некако зависи од модниот стил и вкус, но, се чини, жените се согласуваат дека најлоши чевли се оние неудобните и што предизвикуваат плускавци.

Се случува вообичаено - купувачката „се вљубува“ во чифт чевли, но откако ќе ги обуе првпат дома, сфаќа дека ѝ се неудобни и не може да направи чекор повеќе во нив. Следи прашањето - како не го сфатила тоа при пробувањето во продавницата?

Постои начин да се избегне таа непријатна случка - со купување чевли во вистинско време. Тајната е во разликата во часот и времето од денот кои влијаат на тоа.

Имено, нозете се менуваат во текот на денот. Наутро воопшто, човекот се чувствува посвежо, пропешачил помалку и стапалата не му / ѝ се отечени. Тоа значи дека ако наутро ќе му / ѝ одговара помал број.

Но, подоцна дента, тоа се менува. Нозете се поуморни, а една од последиците се отечени стапала. Не е тешко да се погоди - тогаш ќе одговара поширок калап на чевелот и поголем број.

Затоа советот гласи - нов чифт чевли се купува во последната третина од денот - колку подоцна, толку подобро. На тој начин новите чевли ќе Ви одговараат преку целиот ден, т.е. ќе бидат поудобни и нема да создаваат плускавци.  си/сд/

Остани поврзан