• петок, 05 декември 2025

Нови работни машини за кумановските јавни претпријатија „Чистота и Зеленило“, „Водовод“ и „Куманово Гас“

Нови работни машини за кумановските јавни претпријатија „Чистота и Зеленило“, „Водовод“ и „Куманово Гас“
Куманово, 29 април 2022 (МИА) - Три градежни машини за три јавни претпријатија „Чистота и Зеленило“, „Водовод“ и „Куманово Гас“ пристигнаа денеска во Куманово. Работните машини се дел од под-заем со Министерство за финансии, во рамки на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги, финансиски поддржан со заем од Светска банка, во висина 63 милиони 754 илјади 712 денари, со цел финансирање на капитален проект, односно набавка на 12 возила за четири јавни претпријатија. - Во изминатите три години заедно со тимот од општината, јавните претпријатија заедно работевме на имплементација на овој проект, заедно со Министерството за финансии и Светската банка, општината донесе одлука на Совет за долгорочно задолжување подигна кредит во износ од 63,7 милиони денари, по исклучително поволни услови кредит, каде што просечната камата околу еден процент и дополнително по имплементација на овој проект ќе добиеме уште 20 проценти од вкупниот износ грант средства коишто општината нема обврска да ги враќа а за овој кредит средствата би требало да се вратат некаде до 2033 година, што значи со грејс период дополнителен од три години, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Проектот има за цел да го зголеми капацитетот на на јавните претпријатија во Куманово. Во наредниот период се очекува испораа на три товарни возила опремени за зимско одржување на патиштата, возило за собирање на смет, камион со специјална опрема за подигање на џамбо контејнери и комбиниран камионет, возило пајак возило за „Куманово паркинг“. Опремата е прва за одредени претпријатија, во „Водовод“ ова е нова опрема по две децении. - Верувам дека ќе продолжиме по тој пат бидејќи, не само што ги зголемиме нивото и квалитетот на услугите на јавните претпријатија туку и нивните основни средства ќе се зголемат што е повеќе од неопходно. Ова се непрофитабилни претпријатија кои вршат само услуга на граѓаните на Куманово. Оваа криза дополнително ги отежна финансиските проблеми, општината бидејќи е основач се обидува да помогне да се подобри и квалитетот на услугите што ги даваат, вели Димитриевски. Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека дел од машините ќе се користат за градежни активности, чистење на речните корита во градот, дивите депонии. - Во втората и третата испорака треба да ги добиеме опремата за зимско одржување, која драстично ќе ги намали трошоците на општината, коишто ние во моментов ги издвојуваме и ги даваме на приватни компании, тие средства ќе завршат во буџетите на јавните претпријатија. Нема да можеме со оваа опрема комплетно да го покриеме зимското одржување но дефинитивно добар дел од него веќе со добивање на овие машини ќе помине под надлежност на дел од јавните претпријатија во градот. Доколку сакаме да го затвориме циклусот за целосно зимско одржување потребна е набавка на ваква опрема, рече Димитриевски. Огласот за набавка на градежните машини беше објавен во април лани. Општина Куманово обезбеди и грант средства преку долгорочно задолжување преку Светска банка со кои ќе набави опрема за одржување, складирање, транспорт и изнесување на смет, донесоа одлука советниците на седница на советот на општина Куманово во декември лани. Средствата, во износ од 16 милиони 961 илјада 085 денари, (275.790 евра) појаснија надлежните од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, се обезбедени во рамки на проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) финансиран со заем на Меѓународна банка за обнова и развој (Светска Банка) како резултат на успешно реализиран потпроект. ам/цр

Остани поврзан