• среда, 25 декември 2024

Нови линии и тарифник во јавниот градски автобуски превоз во Битола

Нови линии и тарифник во јавниот градски автобуски превоз во Битола
Битола, 25 јануари 2021 (МИА) - Советот на Општина Битола донесе одлуки со кои што е дополнет распоредот за општински линиски превоз на патници. Утврден е нов Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на линиите на превозниците и одлука за нов тарифен систем во општинскиот линиски превоз на патниците. Од општинскиот Совет посочуваат дека со донесените одлуки се подобрува организацијата и реализацијата на градскиот автобуски превоз во неделите што досега беше со помал интензитет. -Со донесените одлуки се овозможува автобуските линии кои сообраќаа до населените места Драгош и Кажани да се усогласат со барањата на жителите и со потребите на тамошните подрачни училишта. Исто така,  автобуската линија од селото Буково која досега граѓаните за превоз ја користеа до центарот на градот, кај местото викано „Шехерезада“, сега имаат можност со истата цена, односно без промена на цената да го користат градскиот превоз од Буковска населба и со истата цена да се возат низ целиот град. Со новите одлуки овозможено е подобрување на интензитетот на јавен градски сообраќај во недела чие редуцирање во иднина неможе да биде помало од 50 насто, информираа од Советот на Општина Битола. Со одлука на битолските советници општинскиот кризен штаб во вонредна состојба ќе може да врши прераспределба на линиите и да го одредува текот на линиите во градскиот превоз. мт/ки/

Остани поврзан