Нова урбана опрема во Кавадарци
- Нова урбана опрема се поставува на повеќе места во Кавадарци, информираа од општината.

Кавадарци, 9 ноември 2021 (МИА) - Нова урбана опрема се поставува на повеќе места во Кавадарци, информираа од општината.
- Проектот се реализира на улиците „Илинденска", „Шишка", „Ресавска," и „Мито Хаџи Василев-Јасмин". Корпи и клупи се поставени и на сите детски игралишта, на Парк поланата, на Паркот на револуцијата и на пешачката патека до излетничкото место „12 Ваташки деца", појаснија од општината.
Поставени се вкупно 84 корпи во износ од 877.212 денари и 122 клупи кои чинат 1.243.838 денари. Изведувач на работите е кавадаречката фирма Метал Апостолов.свд/фф/