• понеделник, 23 декември 2024

Нова продажба на одземен имот на Сашо Мијалков, во државниот буџет ќе се уплатат 2.059.000 евра

Нова продажба на одземен имот на Сашо Мијалков, во државниот буџет ќе се уплатат 2.059.000 евра

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на конфискуван имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

-Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, соопштуваат денеска од Агенцијата.

Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Големо Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00  денари или 2.059.000 евра.

Агенцијата за управување со одземен имот со ова објава ги повикува и охрабрува сите заинтересирани правни и физички лица без страв и притисок да земат учество на јавната лицитација на веб страницата: http://www.odzemenimot.gov.mk/%d0%begl%d0%b0si.aspx .дма/са/Фото:МИА архива

Остани поврзан