• четврток, 04 декември 2025

Нова пол позиција за Маркез

Нова пол позиција за Маркез

Заксеринг, 12.јули 2025 (МИА) - Возачот на Дукати Марк Маркез се избори за пол позицијата на Големата Награда на Германија на патеката во Заксеринг. На овој начин тој ја продолжува својата доминација во Мото ГП шампионатот.

За Маркез ова е седма пол позиција сезонава, а ја оствари во тешки услови и на тој начин ја потврди фаворитската улога за триумф и овој викенд. Жоан Жарко од Кастрол Хонда, а трет беше Марко Безеки од Априља. 

Квалификациите ги одбележа и тешкиот пад Маверик Вињалес на КТМ, но мина без поведи.

Маркез победи и во спринтот, а победа ја обезбеди во последниот круг. Второто место му припадна на Марко Базеки, а трет заврши Фабио Квартраро.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан