• петок, 22 ноември 2024

Нова „извртена кула“ во Кина

Нова „извртена кула“ во Кина

Шангај, 5 септември 2022 (МИА) - Нова „извртена кула“ е пуштена во употреба во Кина. Зградата е висока 180 метри и има така наречена „извиткана“ фасада којашто, по замислата, го доловува обликот на поларната светлина.

Зданието „Танц на светлината“ е дизајнирано од архитектонското биро „Аедас“ и завршено оваа година. Сместено е на „Ксингфу плаза“ во месноста Џијангбеј, Чонгкинг, Кина. Обликот е, сепак, едноставен и елегантен, но „вплетен“, за да се создаде впечаток дека зградата е извртена, соопшти компанијата.

„Кога паѓа ноќта, заоблената фасада нуди поглед којшто потсетува на танцувачка фигура на балерина“, се наведува во соопштението на „Аедас“. Извртените повеќекатни згради стануваат сѐ попопуларни последново десетлетие, благодарение на напредокот во градежништвото, инженерството и архитектонските програми. си/ми/

Остани поврзан