• недела, 21 јули 2024

Нова водоводна линија до населба Брушани кај Тиквешко Езеро 

Нова водоводна линија до населба Брушани кај Тиквешко Езеро 
Кавадарци, 1 јуни 2022 (МИА) - Во завршна фаза е изградбата на новата водоводна линија до населбата Брушани кај Тиквешко Езеро, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Ги информираме граѓаните дека секој што сака да се приклучи на новата водоводна линија, потребно е да достави барање до просториите на ЈП Комуналец, со потребната документација согласно Законот за водоснабдување, соопштија од градоначалничкиот кабинет. Нагласија дека во склоп на проектот преку КфВ банка и ЈП Комуналец, се работи на поставување на атмосферска линија на втората делница на улицата ,,Вардарска". Изведувач е фирмата Жикол.свд/вј/

Остани поврзан