• недела, 22 декември 2024

Новата песна на „Битлси“ собра речиси пет милиони прегледи на Јутјуб за нецел ден

Новата песна на „Битлси“ собра речиси пет милиони прегледи на Јутјуб за нецел ден

Ливерпул, 3 ноември 2023 (МИА) - Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ - „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите.

Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Снимките на Макартни му ги подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Она што е највпечатливо и според преостанатите живи членови од „четворката од Ливерпул“ и според интернет-корисниците, е тоа како ВИ „го оживеа“ гласот на покојниот Ленон.

- Ова е веројатно последната песна на „Битлс“ и - слушнете тука... Тоа е вистинска снимка на „Битлс“, нагласува 81-годишниот Пол Макартни во кратката видеопорака за најавата на меланхоличната „Now And Тhen“.

Во новиот производ се мешаат звуците на пијано, сологитара и гудачки инструменти. Пол и Ринго во новата верзија вклучија и изведба со електрична и акустична гитара на покојниот Џорџ Харисон снимена 1995 година.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан