• вторник, 05 ноември 2024

Николовски: Годинава двојно зголемено производството на сончоглед за масло за јадење

Николовски: Годинава двојно зголемено производството на сончоглед за масло за јадење
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Голем придонес за ова, според министерот, е успешната политика на субвенционирање на земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во маркетите. -Политиките кои се воведоа на почетокот на годината во делот на сончогледот се и еден од примерите и фундаменти токму нa овој концепт што денеска го зборуваме, каде што субвенциите по површина сончоглед, вкупните субвенции, фармерите, производителите може да ги добијат доколку го предадат кај регистрирани преработувачи. Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, рече Николовски по денешниот брифинг, во одговор на новинарско прашање. Како што рече, станува збор, за двојно зголемено производство - околу 6.000 хектари се површините со пролетната сеидба со која што се опфатени. -Голем број добија. Сите аплицираа за поддршка за вештачко ѓубриво од 30 проценти, и очекуваме над 10. 000 тони сончоглед, што значи удвојување на производството само за краток период и покривање на две месечни потреби на државата од увозот на сончоглед којшто го имаме, додаде Николовски.бт/лв/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан